Прилеп домаќин на еден од трите Светски купови во прецизно слетување во параглајдерство од 21 до 24 мај

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Еден од трите светски купови во прецизно слетување во парагалајдинг ќе се одржи во Прилеп, од 21 до 24 мај 2026. Настанот ќе се одржи на спортскиот аеродром во Мало Коњари, а во организација на ПК. Скај Рајдерс – Прилеп.

Учество ќе земат 70-тина највисоко рангирани натпреварувачи на светската ранг листа, од 21 земја меѓу кои и светскиот шампион Јанг Чен од Кина и европскиот шампион Матјаж Слуга од Словенија.

Четврток 21 мај е тренинг ден, а 22, 23 и 24 мај натпреварувачки денови. Планирани се максимум 12 рунди. Добрата организација би значело организирање на овој натпревар уште 2 до 3 сезони.

Организацијата на ваков настан за Прилеп, но и воопшто за Македонија има огромно значење за развојот на овој спорт и промоција на државата како една од светските топ параглајдинг дестинации.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци