47 санкциони мотоциклисти во Прилеп од страна на МВР

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

На 15 и 17.05.2026 на подрачјето на СВР Битола беше спроведена акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, при што биле констатирани 104 прекршувања кои ги прават мотоциклистите. На подрачјето на Битола санкционирани биле 53, а на подрачјето на Прилеп санкционирани биле 47 мотоциклисти, додека 4 на подрачје на Македонски Брод.

Од нив, вкупно 47 прекршоци биле констатирани за некористење на заштитен шлем-кацига, 28 санкции за управување без возачка дозвола, девет прекршоци за нерегистрирани моторцикли, мопеди. Притоа, констатирани биле четири прекршоци за измината важност на осигурителна полиса, два прекршоци за управување под дејство на алкохол, како и12 останати прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци