Во ЦК „Марко Цепенков“ утре, 21 Мај 2026 од 20.00 часот ќе се одржи нов музички спектакл со Битолски оркестар ДИВА!
Во големата сала од Центарот публиката ќе има можност да ги проследи најдобрите музички поп и рок хитови MTV hits – vol.2, во изведба на солистите Наде Талевска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Александра Трајческа, Јасна Димитровска и Огнен Димовски.
Публиката ќе биде дел од вечерта полна со емоции, ритам и чиста музичка магија! Ќе се одржи уште една незаборавна вечер и ќе ги доживее најдобрите музички времиња!