Во недела, на 24 мај, започнува разигрувањето за шампионската титула во пингпонг, каде во полуфиналната серија силите ќе ги одмерат екипите на Младост 96 од Прилеп и Шампиони ФА од Штип.
Првиот полуфинален натпревар ќе се одигра во ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп, со почеток во 12:00 часот, каде прилепската публика ќе има можност да биде сведок на возбудлив спортски дуел и да даде поддршка на домашната екипа.
Реванш натпреварот е закажан за 25 мај во Штип, каде ќе продолжи битката за место во големото финале.
Екипата на Младост 96 повторно со големи амбиции влегува во завршницата на првенството, надевајќи се на ново финале и можност шампионската титула да биде донесена во Прилеп. Со посветена работа, добра форма и силен тимски дух, клубот верува дека може да направи уште еден значаен резултат.
Во редовите на Младост 96 моментално се наоѓа и српскиот играч Ѓорѓе Борчиќ, кој заедно со екипата секојдневно тренира во Прилеп и активно учествува во подготовките за претстојните натпревари.
Од клубот упатуваат покана до љубителите на спортот и пингпонгот да присуствуваат и да дадат поддршка во обидот за нов спортски успех и пласман во финалето.