ВИДЕО- „Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Дејан Лазаров од фолклорниот ансамбл „Осоговски извор“ од кочанско Оризари е добитник на наградата „Гајдата на Пеце Атанасовски“ на годинешниот 52-ри Фестивал на народни песни и инструменти. Додека пак Гран при наградата годинава ја понесе фолклорниот ансамбл „Седенка“ од Скопје. Лазаров не ги криеше емоциите за наградата која ја освои. Гајда активно свири од 2011 година, од свои 3 години на тамбура.

„Многу кај гајдата ме привлекуваа мелодиите, звуците на нашите гајдаџии како Пеце, како оние од нашиот крај како Јордан Димитров и други. Им благодарам на сите, мојата фамилија се исто така музикални, прво почнав така, татко ми и чичко ми исто свират и пејат“, истакна Дејан Лазаров, добитник на наградата „Гајдата на Пеце Атанасовски“.

Жири комисијата истакна дека годинава навистина имала тешка задача да ги одбере најдобрите од околу 250 учесници, затоа што при одлуката решавале мали ситни детали.

„10-те статуетки се поделени на групи и поединци. Помеѓу нив има мали гајдаџии што заслужуваат да ја добијат статуетката, но се уште се мали за да им ја дадеме „Гајдата на Пеце“, а како најдобар ансамбл за Гран при наградата се појави секако ансамблот „Седенка“ и навистина беа импресивни. Критериумите се такви што Гран при наградата се доделува на ансамбл кој ќе се покаже со комплетен настап, дали ќе биде песна, инструментална или вокално-инструментална изведба. Тука секако е и носијата, од скопска Блатија. А „Гајдата на Пеце“ се доделува на добар гајдаџија кој ќе даде убава боја, тон и музицирањето и секако сите перформанси што треба да ги даде свирењето на гајда“, истакна Родна Величковска, уметнички директор на Фестивалот.

Радува тоа што 80% од учесниците беа млади.

„Имавме богата програма, сите краеви на Македонија се покажаа со нешто свое, од својот крај, публиката уживаше и двата фестивалски дена. Исто така семинаристите кои ни беа дел од Фестивалот и тие беа навистина прекрасни, соработката со ООУ „Пецо Даскалот“ од Долнени продолжува. Се надеваме уште побогато да биде и следната година“, потенцираше Горан Василески, претседател на Собранието на Фестивалот.

Фестивалот „Пеце Атанасовски“ уште покажа дека е достоен чувар на нашиот фолклор и мелос и дека тоа ќе прави и во иднина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци