Почитувани ТАБЛАЏИИ од Прилеп и цела Македонија е фрлена, Здружението на граѓани за табла од Прилеп Ебаго Таблаџии и кафетерија MyPlace Prilep , со поддршка од Општина Прилеп и големиот дел на поддржувачи од приватниот сектор од Прилеп, имаат чест и задоволство да Ви го најават НАЈГОЛЕМИОТ и веќе традиционален турнир во табла во Прилеп кој ќе се одржи на:
6 и 7 Јуни 2026 година (Сабота и Недела) со почеток од 10:00 часот.
На турнирот ќе има вредни награди за сите четвртфиналисти како и парични награди за:
- 1. Место-парична награда
- 2. Место-парична награда
- 3. Место-парична награда
Пријавувањето ќе трае од 25 Мај до 4 Јуни 2026, натпреварувачите можат да се пријавуваат секој ден во кафетерија @MyPleace Prilep(Бизнис Центар-Прилеп) од 09:00 часот до 24:00часот, потребно е име, презиме и обавезно контакт телефон.
Сите учесници ќе бидат известени преку СМС порака или исконтактирани телефонски на 5 Јуни за од колку часот играат на 6 Јуни(Сабота). Котизација т.е. учество на турнирот е 400 денари која се уплаќа одма со самото пријавување на натпреварувачот.
ПРАВИЛА НА ТУРНИРОТ
- Дуелот пред да започне и натпреварувачите фрлаат секој по една коцка и поголемата коцка има право да одбери со кои пулови ќе игра и од која страна ќе почнат
- Фрлањето на коцките ќе биде од рака
- Коцките ќе се фрлаат во едната половина од таблата
- Коцката на пул ќе се важи
- Во текот на една партијата едниот на другиот натпреварувач ќе можи да му ги пресечи заровите најмногу 3 пати
- Дуплите на втората партија ќе важат после првото фрлајне т.е. од втора рака
- Ќе се игра до пет добиени(обична еден поен, марс два поени)
- Полуфиналината и големото финале ќе се играат до 7 поени(обична еден поен, марс два поени)
- Натпреварувачите ќе бидат поделини во групи од 5 или 7 натпреварувачи во зависност од пријавените, и за тоа дали ќе одат првите двајца или првите тројца ќе зависи исто така од бројот на пријавени
- Доколку некој од учесниците се откажи на две, три изиграни утакмици, неговите резултати ќе се поништат за да биди фер спрема оние со кои не изиграл
- Доколку оригиназаторот сети или пак некој од учесниците му ја дава на противникот утакмицата за да оди понатаму следува дисквалификација на двајцата
- Во случај на ист број на вториот, третиот и четвртиот првин ќе одлучува поен разликата, ако е иста поен разликата ќе одлучува меѓусебниот дуел, во краен случај ќе се направи мини табала измеѓу тројцата
- За секоја друга спорна ситуација ќе одлучи организаторот