ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Модерните демократии се гордеат со својот капацитет да обезбедат еднаквост за сите граѓани, без разлика на возраста, полот, религијата, етничката припадност, итн. Сепак, сите општества мораат да се справат и со прашањето на родова еднаквост, а во најголемиот број случаи тоа е долготраен процес.
Политичката застапеност на жените е клучен предуслов за подобро влијание и вклучување на жените во креирањето на политиките. Минималниот праг од 30% застапеност на жените на сите нивоа и сектори е прифатен меѓународен стандард.
За жал, статистиката покажува дека сепак сме далеку од целосна реализација на овој процент.
Во пресрет на локалните избори 2021, АГОРА ги анализира поднесените кандидатски листи и во следните недели ќе споделува факти кои тангираат повеќе области од работењето на нашата организација.
Според нивната анализа, како најочигледна се јавува разликата во родовата застапеност на кандидатите, особено за функцијата Градоначалник. Од вкупно 297 кандидати, само 26 се жени.
(Извор: Државна Изборна Комисија, 16.09.2021)