Oтворена изложбата „Креации од ноќта-уметност инспирирана од соништата“

Синоќа, 1.09.2023, во Ликовната галерија на ЦК”Марко Цепенков”, беше отворена изложбата „Креации од ноќта-уметност инспирирана од соништата“, на која со свои дела се претставија 15 уметници, членови на ДЛУП –  Анита Сотироска, Бојана А.Трпческа, Ферди Булут, Александар Џинго, Методија Исков, Лепа Милошевска, Маја Р.Миладиновски, Дарко Талески, Елена Димоска, Верче Николоска, Александра Богоеска, Викторија Димеска, Филип Јовески, Марта Макеска и Емил Солески.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, која истакна дека симболиката на сонот служела за одгатнување на психичката активност на потсвеста и начинот на којашто влијаела врз однесувањето на поединецот во секојдневието.

„Особен предизвик и инспирација за група современи уметници, односно членови на ДЛУП Прилеп е токму сонот. Имајќи ги во предвид нивните основни концепти и принципи, уметниците/учесници создадоа дела од сопствениот уметнички афинитет и со помош на разни техники и материјали “, рече Димеска

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира