Side Quest со „punk rock 101“ вечерва на Камена бина

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

„Од 0 до КултурА“ продолжува со нова музичка вечер. На сцената на Камена бина вечерва ќе настапи прилепскиот панк-рок и поп-панк бенд Side Quest, кој од 2023 година е дел од македонската алтернативна музичка сцена.

Публиката ќе има можност да ужива во музичко патување низ историјата на панк-рокот – од бендовите кои го поставија темелот на овој музички правец, па сè до современите влијанија што го обликуваат денес.

Side Quest моментално го подготвува својот прв деби албум, а зад себе веќе има објавено авторски сингл, песна посветена на ФК „Победа“ и современа преработка на македонската народна песна „Ако одам во Битола“. Бендот има настапувано како предгрупа на повеќе познати домашни состави, а беше и финалист на фестивалот за млади бендови „Лузер Фест“.

Ве покануваме да бидете дел од уште една вечер исполнета со квалитетна музика и одлична атмосфера во рамките на проектот „Од 0 до КултурА“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци