Tрошоците за живот за месец јуни во Македонија се зголемени за 3,2 отсто

Facebook
Twitter
Email
Print
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Државниот завод за статистика соопшти дека во однос на истиот период лани, трошоците на животот за месец јуни во Македонија се зголемени за 3,2%.

„Трошоците на живот во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, се зголемени за 3,2 отсто, а цените на мало се зголемени за 4,1 отсто“, објави ДДржавниот завод за статистика.

Намалувањето на инфлацијата во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 4.2 %, комуникации за 0.4 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 %.

Во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, зголемување на трошоците на живот е забележано во следните групи: здравје за 1.2 %, разновидни стоки и услуги за 0.9 %, ресторани и хотели за 0.7 %, рекреација и култура за 0.5 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.2 %, облека и обувки за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци