Во склопа на проектот „Од 0 до култура“, прилепскиот бенд The Doctors вечерва ќе се претстават со трибјут на Мајкл Џексон на Камена бина.
The Doctors е прилепски рок-фанк бенд формиран на крајот од 2022 година. Овој бенд сега е составен од 5 члена, меѓу кои Сергеј Попоски како фронтмен и вокал, Ѓорѓи Петкоски како бекинг вокал и бас гитара, Вилијам Спиркоски на тапани, Филип Сотиров на ритам гитара, Марко Стојаноски на соло гитара и Мирослав Миленкоски на саксафон.
Добро познати на локалната сцена и пошироко со настапи во Прилеп, Битола и Скопје, бендот The Doctors изведува англиски рок, фанк и поп безвременски хитови, како и наши македонски песни и аранжмани и авторски песни, оддавајќи им почит на великаните кои ја насочиле душата на рок, фанк и поп музиката да ечи низ времето, а за брзо ќе го донесат тој звук и на прилепската сцена.
„Во рамките на овој културолошки проект, The Doctors овој четврток ќе свират трибјут на еден од најмаркантните и најпрепознатливите имиња на светската сцена – MICHAEL JACKSON!
Наше е да ве пречекаме овој четврток во 21.00ч, а ваше е да дојдете и да уживате!“, велат организаторите.