„The Schmucks“ со трибјут на CREEDENCE на втората вечер од „Од 0 до култура“

Утре со почеток во 21:00 часот на Камената бина во Прилеп, како дел од овогодинешното издание на манифестацијата „Од 0 до култура“, концерт ќе одржи прилепскиот бенд „The Schmucks“ кои ќе се претсават со својот трибјут на CREEDENCE.

Ако сте за супер забава и одличен рокенрол тогаш ја имате новата генерација на овој вид на музика. Тоа е бендот “The Schmucks”, прилепски деца кои едноставно го сакаат овој ритам и уживаат кога ќе ги реализираат своите креативни идеи. Михаил, Кирил, Филип, Андриано и Дамјан го создадоа својот “Chaos”, музички запис кој си има и свое видео кое вирално се споделува на социјалните мрежи.

Оваа прилепска музичка атракција која свири засега во Прилеп, Битола, Крушево и Охрид, својот прв настап го имаше во 2020 година и тоа на хуманитарна акција во кругот на новата автобуска станица во Прилеп. Во бендот „The Schmucks“ можете да ги видите: Дамјан Ристески (тапани), Андриано Чолакоски (бас гитара) , Филип Ристески (бас гитара) , Кирил Трајкоски (ритам гитара) и Михаил Јагуриноски (вокал – главна гитара).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира