Со тешка механизација се прават заштитни појаси за спречување на ширење на пожарот во Мариово

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Во моментов активно се вклучени екипите од ТППЕ Прилеп, ТППЕ Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување, Универзалната единица, Доброволни противпожарни здруженија како и локалните мештани од Мариово при гаснењето на големата огнена стихија. Дополнително, ангажирана е и механизација, која се користи за создавање заштитни појаси и спречување на понатамошно ширење на пожарот.

„Во моментов, на дел од теренот состојбата е стабилизирана, додека на повисоките и непристапни места екипите продолжуваат со гаснење. Посебно внимание е посветено на заштитата на селото Крушевица, каде е воспоставен заштитен појас на 5 километри од селото, а екипите се подготвени да реагираат доколку има потреба. Сакам да упатам благодарност до сите пожарникари, доброволци, служби и институции како и до сите компании и субјекти кои ставија на располагање луѓе и механизација. Борбата со пожарот продолжува. Најважно е да се зачуваат човечките животи, населените места и имотите“, вели Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира