ВИДЕО – Бидете дел од најголемиот во Македонија адреналински фестивал на отворено „SAMOKOV XTREME“


Во организација на Општина Македонски Брод и Здружението Форум за авангардна креативност на 31 мај и 01 јуни во Самоков ќе се одржи четвртиот по ред најголем во Македонија адреналински фестивал на отворено SAMOKOV XTREME. Главната цел на овој фестивал е развојот на туризмот во Поречкиот регион и ставање на с. Самоков на мапата на атрактивни дестинации за авантуристички туризам. На овој фестивал се очекува да присуствуваат над 500 вљубеници во природата и авантуристи кои ќе учествуваат во возење со теренски возила, мотокрос, возење со АТВ возила и планинарeње.

„Официјалниот дел започнува на 1 јуни, во раните утрински часови каде сите категории на учесници ќе се движат по патеките на Поречието и ќе се запознаат со сите убавини, можности и ресурси кои ги нуди нашиот крај. Учесниците ќе имаат можност да учествуваат во следниве категории: пешачка тура, велосипедска тура, АТВ возила, џипови и мотори. Да напоменам дека фестивалот нема натпреварувачки карактер, туку основната цел е да се запознаеме и да уживаме во убавините на Поречието. Вредно е да се непомене дека во пешачката тура учесниците ќе имаат можност да се запознаат со многу билки, растенија и печурки кои виреат во Поречието и во тој дел би го развивале и хербалниот туризам. Околу 15 часот сите учесници се враќаат во кампот на градскиот стадион во Самоков, каде продолжува официјалната дружба, а на крајот сите активности завршуваат со една голема еколошка акција. Како и секоја година, така и оваа има поволности во однос на посетителите, веќе сите туристички капацитети во општина Македонски Брод се пополнети, каде имаат пригодно мени и ноќевање за да можат да се сместат сите посетители. Исто така во месноста Самоков на располагање ќе ни бидат и одредени индивидуални објекти, каде можат да се сместат учесниците“, рече Жарко Ристески, градоначалник на М. Брод.

 

„Оваа година продолжуваме со истиот концепт како и изминатите години, учесниците ќе можат своите вештини да ги прикажат во следните дисциплини: планинарење, возење со мотокрос, возење со АТВ возила или кватроцикли, возење со теренски возила и џипови. Во склоп на овој фестивал имаме и велосипедизам“, кажа Гоце Бојкоски, Здружението Форум за авангардна креативност.

Учесниците со своите спортски вештини ке можат да се презентираат во дисциплините кои ќе бидат од ревијален карактер. Кампот за сите учесници ќе биде на стадионот во Самоков.

„Од година во година секоја година имаме новитети, имаме зголемен број на учесници, досега пријавени имаме преку 50 теренски возила, значи 100 учесници само со џипови. Рутата нема да биде тешка, за стандардно 4х4 возило, не треба некоја посебна опрема да поседува тоа возило, само добри гуми и технички исправно“, истакна Панчо Чупаркоски, одговорен за делот за возење со теренски возила (џипови).

 

Во сабота на 31 мај е предвидена тура од 30 километри со стартување од Самоков, Ковач, Добра Вода, црква Свети Никола, над село Битино и враќање во Самоков. Тргнувањето ќе биде во 14 часот саботата. Во недела е предвидена поголема тура како главен настан, почеток во 10 часот со тргнување од Самоков, Пачаниште, Илино, Железна Река, манастир Свети Никола, Бенче и Самоков. Турата е 60тина километри“, вели Дејан Пеливаноски, одговорен за делот за возење со мотокрос

За сите присутни ќе има организирано и лесна планинарска тура низ Поречието во должина од 15 км.

Планинарската тура ќе се одржи на 1 јуни, на вториот ден од овој настан и истата е со вкупна должина од 15 километри. Според планинарските нормативи класифицирана е во средно тешка тура, но ќе има доста паузи во текот на планинарењето, секако адаптибилни ќе бидат според кондицијата и барањата на учесниците. Меѓутоа главната пауза ќе биде кај селото Бенче кое се најдува на 7 и пол километри од стартната точка. Турата е кружна, што значи почнуваме од селото Самоков и се враќаме повторно таму, имаме совладување на надморска висина од околу 300-400 метри. За учесниците кои ќе доаѓаат од Прилеп од страна на организаторот е организиран автобуски превоз со повратна карта која чини само 200 денари, вклучително и доручек по пристигнувањето на стартната позиција“, додаде Елена Младеноска, планинарски водич.

Целата оваа промоција на Поречието придонесува за поголем туристички развој на овој крај кој плени со својата убавина.

Поречието нуди многу можности за развој на туризмот, така да еден од основните столбови на стратегијата за развој на општина Македонски Брод е развојот на руралниот туризам. Имаме можност за развој на руралне туризам, спелеолошки турузам поради големиот број на пештери во Поречието од кој дел се доста познати, дел се прогласени и за споменици на природата, адреналинскиот туризам како овој настан каде ги користиме старите шумски природни патеки, значи се е природно и нема ништо адаптирано во тој дел. Исто така нов момент е што сме на добар пат да го развиеме и тој хербален туризам кој е доста атрактивен во овој период“, истакна Жарко Ристески, градоначалник на М. Брод.

 Поречието во моментов е најнедопрената средина во Македонија, каде условите за развој на овој вид на туризам се буквално неограничени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи