На „Гумење“ во Крушево уапсен жител на с. Житоше кој под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир

На 13.04.2025 во 01.20 часот на место викано „Гумење“ во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево запреле и извршиле контрола на патничко моторно возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И. (46) од с. Житоше. Притоа, било констатирано дека тој под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициските службеници. Тој бил приведен во ОВР Крушево и по документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи