Утре бидете дел од големиот Велигденски базар на ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп и поддржете ги нашите најмлади



Драги пријатели, родители и сите добронамерници, ве покануваме да бидете дел од нашиот шарен и креативен Велигденски базар.

Нашите #Кочорациновци со мнооогу љубов и труд подготвија уникатни изработки што ќе внесат топлина и празнична магија во вашиот дом.

  • Кога? 8 април (утре)
  • Во колку часот? 11:00
  • Каде? На шеталиштето пред нашето училиште

Поддржете ја детската креативност и одберете нешто посебно што ќе стане дел од вашиот велигденски декор. Ве очекуваме со насмевки, бои и празничен дух!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира