Бостон поведе со 2-0 против Кливленд, не помогнаа ни 42. поени на Џејмс

Facebook
Twitter
Email
Print

Уште една одлична партија на Бостон против Кливленд и втор триумф од 107-94 во серијата до 4 победи, во рамките на натпреварувањата во Источната конференција.

 

Браун со 23 поени беше најдобар поединец во редовите на Бостон, Роузир реализираше 18 поени, Хофрд постигна 15 поени, а двоцифрени беа уште тројца кошаркари: Маркус Морис (12 поени), Смарт (11 поени), Тејтум (11 поени).

 

На Коњаниците не им помогна ниту одличната партија на Леброн Џејмс кој постигна 42 поени со 12 асистенции и 10 скокови. Покрај 42 поени на Леброн Џејмс, во тимот на Кливленд се истакна и Лав со 22 поени, а двоцифрен уште беше и Корвер со 11 поени.
Серијата се сели во Охајо каде Кливленд ќе се обиде да го искористи домашниот терен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира