ВИДЕО – Здружението „Преродба“ и пејачката група прилепски амбасадори и репрезенти на традицијата и културата

ИЗВОР : СИТЕЛ

Здружението на жени „Преродба“ од Прилеп постои веќе 14 години и брои 80-тина членки, од кои 15 се дел пејачката група која се вика исто како и здружението „Преродба“. Целта на формирањето на здружението била зачувување на традицијата и културата од нашите простори. Пејачката група ја негува староградската и традиционална народна музика.

 

Секоја година одржуваат редовно свој концерт пред новогодишните празници, а често пати гостуваат и во скоро сите градови во Македонија. Македонската музика ја претставувале ии во Црна Гора и Албанија. Нивната идна цел е да издадат ЦД со своите песни, но за тоа бараат спонзор.

 

Како изгледаше денеска атмосферата во просториите на здружението „Преродба“ и со кои песни се претставија може да погледнете во видеото.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира