Неодамна завршија градежните работи во манастирот Трескавец кај Прилеп и се обновија опожарените конаци кои изгореа до темел во големиот пожар кој го зафати манастирот на 4 февруари 2013 година.
Градежните работи ги изведе српската реномирана компанија „Кото“.
Погледнете како сега изгледа овој наш велелепен храм. Видеото е во продукција на Инфо Компас.
Сега останува да се уреди ентериерот. Сееверниот и западниот конак ќе бидат наменети за гости, а додека источниот конак е монашки дел.
На манастирот во моментов му е потребен нов водовод за да бидат пуштени во употреба конаците, затоа што сегашниот капацитет на водоводот може да ја задоволи потребата на само 10-тина мина. Премиерот Зоран Заев вети дека Владата за оваа намена издвоила средства и изградбата на водоводот требало да започне идната година.
Исто така итно е потребно реконструкција и конзервација на црквата која потекнува од 13 век, како и на старата трпезарија и магерницата.