Спасувачката служба „Златоврв“ од Прилеп ја одржа својата трета по ред спасителна вежба во центарот на Прилеп.
Сценариото опфаќаше зграда во центарот на Прилеп која е срушена од земјотрес и опфатена со пожар. На седми кат на терасата има останато неколку деца кои се обидуваат да се спасат и бараат помош.
Спасителните тимови веднаш се мобилизираат и се упатуваат кон центарот на градот. Кризниот штаб веќе има направено пресметка и со самото доаѓање на тимовите веднаш ги распоредува по задачи.
Припадниците на Спасителната служба започнуваат со качување кон седмиот спрат додека Пожарната единица пристапува кон гасење на пламенот од зградата и го спречува неговото проширување, припадиците на Дирекцијата за заштита и спасување се упатуваат кон приземјето и бараат заглавени лица.
Истовремено, полициските службеници го обезбедуваат местото на настанот и спречуваат премин на цивили додека Црвениот крст е присутен со давање на прва помош. Сите извлечени лица ги превзема Итната медицинска помош каде им се укажува прва помош, а сериозните повреди веднаш се транспортираат кон градската болница.

