ВИДЕО – Станкоски: Се надевам дека ТКП ќе фати приклучок во некоја приватизација со голема светска компанија

До 2006 година Тутунски Комбинат Прилеп имаше државна сопственост од 35.5%. За жал во наредните 11 години некој направи загуби од 95 милиони евра, што некои претходни влади тие загуби ги претворија во траен влог и од 35.5%, Владата стана сопственик на 82%. Истакна Кире Станкоски, генерален извршен директор на Тутунски комбинат Прилеп.

 

 

„Бидејќи е доминантен сопственик, се она што ќе одлучи Владата во делот на приватизација, а со цел приклучок на Комбинатот со голема светска компанија, ние тоа ќе го поддржиме. Доброто е во тоа што во изминативе 3 години ние како раководство немаме ни денар долг према државата, покажуваме позитивни финансиски резултати, зад нас стои нашиот стратешки партнер Филип Морис, договорот трае до 2024 година и се надевам дека ќе бидеме успешни да фатиме приклучок во некоја си таква приватизација, кога и да се случи“, истакна Станкоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира