ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Друга ставка која остава впечаток при анализата на финансиската документација на Општина Прилеп е ставката на привремени вработувања. Рекапитулацијата на оваа ставка во период од 2018 до 2021 година е фантастични 66 468 765 денари, истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец, претседател на Комисија за финансирање и буџет.
„Од тука може да се види на кој начин се водела кадровската политика на ниво на нашиот град. Само за споредба, во период од 2013 до 2017 година на оваа ставка биле потрошени само 5 400 000 денари. Она што треба да го знаат граѓаните е тоа што овие високи средства на буџетски пари се на сметка на намалување на средствата за капитални расходи кои можеле да бидат наменети за некои капитални проекти во нашиот град“, вели Стерјовска Локвенец.