На 28 декември ќе биде премиерата на новата претстава „Клетници“, во режија на Мартин Кочовски, а во изведба на народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Во неа освен актерите на прилепскиот ансамбл учествуваат и членовите на групата „Фолтин“. Ова е нивна 4-та претстава во која учествуваат заедно со прилепските актери, а 7-ма која ја работат заедно со режисерот Кочоски.
За успешниот спој на музиката и актерството поразговаравме со еден од членовите на групата „Фолтин“, Гоце Јованоски.
Во своето над 2 децениско постоење „Фолтин“ имале направено музика за околу 30-тина претстави во Македонија и странство. А во последниот период активно работеле и на изработка на музика наменета за филмови и документарни филмови.
Последниот албум „Пијан славеј“ го издадоа во 2015 година. Јованоски вели дека иако направиле мала пауза околу снимањето на нов албум, сепак освен со филмска и театарска музика не престанале и со своите свирки, концерти и турнеи кои ги правеле не само во Македонија туку и во цела Европа.
Повеќе околу сегашните ангажмани и идни планови на групата „Фолтин“ дознајте од интервјуто со Јованоски.