Воени хеликоптери во Швајцарија почнаа да носат вонредни залихи вода за сточари во планински предели каде околу 40.000 крави страдаат од жед поради недостиг од вода.
Од 20 јули Армијата изврши девет такви операции. Во кантонот Сен Гален на планинските пасишта се доставени неколку илјади литри вода, која се доставува од езерото Валенца. Два големи басени се полнат со вода за да можат фармерите кои имаат земјиште пристапно со пат да ги полнат своите резервоари. Испораката не се наплаќа, бидејќи се финансира од редовниот воен буџет.
„Во изминатите денови потрошено е повеќе вода отколку што има на располагање“, соопштија властите.
Откако операцијата беше објавена минатиот петок, неколку десетици земјоделци преку специјална телефонска линија побарале помош од хеликоптерите.