Вулканска ерупција разнесе планински врв во Индонезија

Facebook
Twitter
Email
Print

Вулканот Синабунг на северот од островот Суматра во Индонезија исфрли пепел на висина од 5 километри, а силната ерупција го разнела и целиот врв на планината пренесуваат светските медиуми.

 

Сликите пред и по ерупцијата направени од Индонезискиот центар за вулканологија покажуваат дека од врвот на планината фали еден огромен дел. Во оваа најнова активност на вулканот нема повредени.

 

 

Инаку, овој вулкан, кој е еден од трите што моментно се активни во Индонезија, бил неактивен дури четири века, а за првпат еруптира во 2010 година, кога две лица загинаа.

 

Регионалниот центар во Дарвин, Австралија, издаде „црвен аларм“ за летови поради вулканската пепел во водухот. Околу 30.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во областа на вулканот во текот на изминатите години.

 

 

Индонезија се наоѓа на т.н. Пацифички огнен прстен, област позната по сеизмичката активност и вулканските ерупции.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци