Големо невреме во Солун

Facebook
Twitter
Email
Print

Обилни дождови, проследени од град, го погодија Солун вчера попладнето, предизвикувајќи поплави по главните улици. Локалната противпожарна служба примила преку 300 итни повици за интервенција поради продирање на водата во станбени објекти и патници заглавени во автомобили по улиците. На меѓународниот аеродром повеќе летови биле откажани или одложени.

 

Многу приземни и подрумски продавници и куќи се поплавени, меѓу кои и Градското Собрание на Солун, а патиштата буквално биле претворени во реки. Поплавен е и еден од еден од најпознатите објекти во Солун катадралата Агиа Софија од VII век, која е споменик на УНЕСКО.

 

 

 

Бурата и грмотевиците предизвикаа и прекин на електричната енергија. На меѓународниот аеродром во “Македонија“, аеродромските власти на извесно време го прекинаа полнењето на гориво како безбедносна мерка на претпазливост.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци