Граѓанските организации еднакви партнери во процесите на донесување на одлуки и креирање политики во руралните средини

„Рурална коалиција“ во партнерство со „Полимат 13“, во периодот од 01.07.2018 до 31.01.2019 го имплементира проектот „Руралните општини и жителите взаемно ја градат довербата и животот во локалната заедница“ финансиран од ЕУ, преку Програмата за мали гранотови на ЕУ, како дел од проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население“.

 

„Целта на проектот е зголемување на дејствувањето на граѓанските организации како еднакви партнери во процесите на донесување на одлуки и креирање на политики во руралните средини. Преку реализацијата на овој проект се постигна унапредување на вклученоста и соработката на различни чинители на локално ниво во општините Кривогаштани и Богданци, при што  се истакна заедничкиот придонес кон подобро партнерство и ефективна соработка во процесите на креирање политики и донесување одлуки“, потенцираат од „Рурална Коалиција“.

 

Во рамките на завршниот настан кој се организираше денеска во Прилеп, се промовираа Стратегиите за соработка со граѓанскиот сектор за општините Богданци и Кривогаштани кои се произлегоа како финален продукт на проектот.

 

 

 

Исто така на денешниот завршен настан беа потпишани Меморандуми за соработка меѓу Рурална коалиција, Полимат 13 и Младинска иницијатива за рурален развој од Кривогаштани.

 

Соработката се официјализира и општина Кривогаштани со приложување на Меморандум за соработка и со општината. На средбата покрај членовите на двете организации кои го имплементираа проектот, присуствуваа претставници од општина Кривогаштани и Богданци.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци