Денеска во Прилеп 38 нови случаи на Ковид 19, починале 3 лица

Денеска во Прилеп се регистрирани 38 нови случаи на Ковид 19, а од оваа болест починале и три лица ( (58, 57 и 72г). Во моментов во Прилеп има 765 активни случаи од кои 659 се на домашно, а 106 на болничко лекување. Само во првата недела од месец новември има 377 нови случаи, а за една недела починати се 15 лица. Од почетокот на пандемијата до денес во Прилеп има вкупно заразено 1.818 лица, а досега починале 78.

 

Ова се резултатите на ниво на држава.

 

Во последните 24 часа се направени 3042 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19 во:

 

-Скопје 530

-Куманово 30

-Дебар 3

-Штип 15

-Прилеп 38

-Тетово 54

-Струга 18

-Велес 22

-Битола 43

-Охрид 43

-Кавадарци 8

-Гостивар 25

-Гевгелија 3

-Струмица 23

-Крива Паланка 4

-Радовиш 7

-Крушево 2

-Кочани 3

-Пробиштип 8

-Демир Хисар 4

-Македонски Брод 5

-Пехчево 1

-Берово 2

-Валандово 2

-Виница 1

-Делчево 5

-Кратово 4

-Свети Николе 8

-Кичево 25

-Ресен 8

-Неготино 3

 

Починати се 30 лица, шест пациенти од Скопје (57, 66, 80, 64, 54 и 68г), пет од Куманово (58, 64, 67, 68 и 78г), еден пациент од Штип (67г), тројца од Прилеп (58, 57 и 72г), пет од Тетово (83, 60, 62, 69 и 58г), еден пациент од Битола (78г), пет од Кавадарци (73, 74, 70, 77 и 70г), еден од Гостивар (67г), двајца од Радовиш (71 и 68г) и еден пациент од Кочани (52г).

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти од:

 

-Скопје 301

-Куманово 45

-Штип 13

-Прилеп 34

-Тетово 51

-Струга 4

-Велес 29

-Битола 16

-Охрид 24

-Кавадарци 23

-Гостивар 20

-Гевгелија 13

-Струмица 40

-Крива Паланка 8

-Радовиш 8

-Крушево 1

-Кочани 13

-Пробиштип 8

-Македонски Брод 1

-Берово 4

-Валандово 2

-Виница 4

-Кратово 5

-Свети Николе 5

-Кичево 11

-Ресен 7

-Неготино 1

 

Досега во земјата се направени вкупно 275.934 тестирања на Ковид -19.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 41222, бројката на оздравени пациенти е 24920, на починати е 1186, а бројот на активни случаи изнесува 15116.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира