Една година затвор за дедото на починатата Тамара

Facebook
Twitter
Email
Print

Љупчо Стојановски, дедо на малата Тамара Димовска од Велес, осуден е на една година ефективна казна затвор.  Ваква одлука донесе Апелацискиот  суд Скопје по жалбата на Основното јавно обвинителство (ОЈО).

 

Апелацискиот суд ја преиначи пресудата на Основниот суд кој го осуди Стојановски на условна казна затвор за поседување оружје по признанието на вина.

 

На 11 јули годинава се закажани завршни зборови за второто кривично дело кое му се става на товар на Стојановски, „обид за убиство“. Адвокатката Павлина Зефиќ рече дека ќе ги вложат сите правни лекови за да ја оспорат пресудата против Стојановски.

 

Стојановски на први јуни 2017 година година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров кој во пукањето не беше повреден.

 

Деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која имаше искривување на рбетот почина во февруари 2015 година откако ја загуби битката со здравствените лавиринти во Македонија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци