Заев: Октомври ќе биде октомври, почеток на преговорите до крајот на годината

Facebook
Twitter
Email
Print

На Министерскиот совет написмено добивме правно формална гаранција дека не подоцна од октомври ќе добиеме датум за почеток на преговорите. Нема можност да се донесе ваква одлука без сите земји да бидат согласни што значи дека има консензуална одлука, порача денеска премиерот Зоран Заев.

 

„Заклучокот е сериозна порака и апсолутна гаранција која мене ми беше неопходна, а верувам и на сите граѓани. Разбирам дека имаше избори за Европскиот парламент и дека на секој Парламент му е потребно соодветно време за доставување материјали за да ги разгледаат и да донесат одлука. Го разбирам Бундестагот и другитте парламенти за оваа работа, но важно беше да добиеме заклучок кој е сериозна гаранција за сите нас. Верувам дека утре или задутре ќе биде потврден и од Европскиот совет и октомври да биде октомври“, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

 

Тој посочи дека сите позитивно се изјасниле за Република Северна Македонија, имаме безусловена препорака, 100-процентно блескав извештај, целосно завршување на таргетот за реформите што го добивме, реализирани се Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија,….

 

„Нашите очекувања се до декември да се отворат поглавјата и да почнат преговорите со ЕУ. Подобра гаранција за нас ќе беше доколку датумот се случеше во јуни, но ваквиот заклучок гарантира дека тоа ќе се случи во октомври и верувам дека тоа е порака за сите нас сериозно да работиме и да продолжиме со реформите за унапредување на севкупните перформанси на нашата земја“, рече Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци