На австрискиот канцелар Себастијан Курц зголемено му е обезбедувањето поради закани со смрт, откако одлучи да затвори седум џамии и да го протера имамот.
Преку социјалните мрежи на австрискиот канцелар му порачаа да се подготви за убиство.
„Подготви се да умреш“ или „Сакаш ли војна“, „Ти си слуга на масоните. Те мразиме. Ќе бидеш искористен и тогаш ќе се најдеш во кутија“, се некои од заканите, но му пишуваат и дека е ционист, дека не е христијанин, туку евреин.
Сојузната служба за заштита на уставноста и борба против тероризам покрена истрага против тие што ги пратија пораките. Обезбедувањето на канцеларот е зголемено и неговиот стан постојано го обезбедуваат членови на елитната единица „Кобри“.
Во Виена се претпоставува дека зад заканите стојат турските кругови, имајќи во предвид дека на Курц во неодамнешниот говор му се закани и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, кој бараше од Германија да го “вразуми“ Курц.
„Може да дојде до војна меѓу муслиманите и христијаните. Ти ќе ја носиш одговорноста за тоа“ – му порачал Ердоган на Курц.