Извршителите лани наплатиле 127 милиони евра

Facebook
Twitter
Email
Print

Извршителите во Македонија минатата година наплатиле околу 127 милиони евра од граѓани, фирми и други должници, соопшти Комората на извршители. Според нејзиниот годишен извештај, ова е наплата од реализирани 55,69 отсто од вкупно 112.250 барања за извршување.

 

Најмногу пари во 2018 година извршителите наплатиле од должници правни лица – 78.778.108 евра, потоа од физички лица – 33.432.971 евра, а од државата 15.946.914 евра, се наведува во извештајот на Комората.

 

Во Годишниот извештај наведено е дека најдобра наплата имаат извршителите од Штип и Свети Николе со реализација на наплатата на долговите од 21,12 отсто, додека најслаба наплата има во Велес, Кавадарци Неготино, каде е реализирана наплата од 5,81 од долгот.

 

Според времетраењето на наплатата на долгот, над една година траело извршувањето на 37.775 предмети, 4.655 предмети биле извршени за период од шест месеци до една година, 3.981 предмет се извршени за период од три до шест месеци, а за три месеци се извршени 16.061 предмет.

 

До Комората на извршители во текот на минатата година биле доставени вкупно 255 претставки од странки против извршителите.

 

Во извештајната година има регистрирано вкупно 97 извршители, кои се распоредени на 11 подрачја на основните судови во државава.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци