Се чистат патиштата и улиците во општина Крушево

Исчистени се патиштата до речиси сите села, а паралелно се чистат улиците и во Крушево, соопштија денес од Општина Крушево.

 

„Исчистени се улиците до и во населените места Пуста Река, Долно Дивјаци, Горно Дивјаци, Борино, Саждево, Јакреново и Белушино, додека во с. Алданци и с. Норово покрај чистење се врши и попесочување“, соопштија од општината.

 

Покрај навременото одржување на улиците во град Крушево „Комуна“ ќе излезе на терен и во с. Врбоец па се до с. Бучин.

 

Претходно, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски потенцира дека минатата година локалната самоуправа работеше многу за јавното комунално претпријатие да работи поекономично, поефикасно и да дава подобри услуги до граѓаните.

 

„Со одлука на Совет ги проширивме надлежностите на ЈП „Комуна“ со што претпријатието сега може самостојно да ја обавува надлежноста за зимско одржување на улиците. Исто така, за повеќе од 60 отсто ги зголемивме средства за зимско одржување на улиците за 2019 година.“, изјави градоначалникот Томе Христоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци