Италијански весник објави видео од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Facebook
Twitter
Email
Print

Италијанските медиуми објавија видео од моментот кога Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец со полна торба пари излегуваат од домот на бизнисменот Орце Камчев.  Италијанскиот весник утрово го објави видеото на кое јасно се гледа броењето на парите, како и излегувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец од кај Орце Камчев. Притоа е пуштен и дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Бoки 13, на кое Боки му објаснува на Камчев дека понеделник, најдоцна вторник ќе биде ослободен.

 

 

Бојан 13: Во понеделник ќе ве ослободат

Орце: Добро

Бојан 13: Вторник најкасно веројатно. Врховен ќе ве ослободи.

Орце: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник

Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби

Орце: А Апелација?!

Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикува автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го придружува, да го одолговлекува, понеделник вторник вие сте на слобода.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира