Концерт на „Дуо пијано“, Билјана Димовска – Татјана Божиновска, во Прилеп

На 23 август, петок, со почеток во 19.30 часот во фоајето од ЦК„Марко Цепенков“ концерт ќе одржи „Дуо пијано“, во состав Билјана Димовска – Татјана Божиновска.

 

Дуото пијано во состав Билјана Димовска-Татјана Божиновска функционира повеќе години, и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика. Дуото има одржано повеќе рецитали низ земјата: Битола, Ресен, Охрид, Скопје, на фестивалите: „Интерфест“ – Битола, „Битфест“ – Битола, „Златна лира“ – Скопје и.т.н. Во 2013 год.  го снимаат и своето прво CD.

 

Програма:

 

  1. F. Schubert – Phantasie in f-moll оп.103
  2. F. Chopin – Variations in D-dur
  3. M. Tajcevic / B. Svetiev – Sedam balkanskih igara
  4. C. Saint-Saëns – Danse Macabre

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира