Кривични за гинеколозите од Битола за случајот со невработената која извршила царски рез

Битолската полиција поднесе кривична пријава за двајцата гинеколози од Битола, но и за невработената која е сопруга на еден од докторите и која неовластено извршила царски рез. Гинеколозите се суспендирани поради тоа што дозволиле на операција со царски рез да учествува сопругата на едниот гинеколог која не е вработена во болницата, а немала ниту лиценца за работа.

 

 

СВР Битола до ОЈО поднесе кривична пријава за 33-годишниот М.В. за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, против 60-годишниот Г.Ч. поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против 33-годишната А.В. од Србија, сопруга на првопријавениот за сторено кривично дело „надрилекарство“ и кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

 

 

Породувањето се случило на први јануари оваа година.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци