Леброн „The King“ Џејмс – „банана“ и кош во последната секинда за победа на Кавалирс

Facebook
Twitter
Email
Print

Кливленд и Минесота приредија вистинско шоу во Квикен Лоанс Арена, „Кралот” Џејмс со звукот на сирената донесе победа за Кавалирс.

 

Во натпревар на кој беа постигнати 278 поени, Кливленд победи со 140-138 по едно продолжение а херој на домаќините беше токму „Кралот“ Џејмс, кој погоди шут за два со звукот на сирената.

 

Леброн мечот го заврши со трипл-дабл учиник од 37 поени, 15 асистенции и 10 скокови, го надмина Жидрунас Илгаускас како најдобар скокач во франшизата и сега стои како прв поентер, скокач и асистент во историјата на Кливленд, успех со кој можат да се пофалат само уште двајца кошаркари: Мајкл Џордан и Кевин Гарнет.

 

Џејмс заслужено се најде на врвот на најдобрите потези на НБА вечерта и тоа на второто место со блокадата, а на првото со поените за победа.

 

 

Што се однесува до натпреварот, водството се менуваше 34 пати, најмногу на еден дуел оваа сезона. Ниту еден тим немаше поголема предност од 10 поени, а дури 16 пати резултатот беше изедначен.

 

Исто така беа постигнати дури 40 тројки, апсолутен рекорд во НБА.

 

 

НБА резултати:

 

Детроит – Бруклин 115:106
Мајами – Хјустон 101:109
Кливленд – Минесота 140:138
Мемфис – Јута 88:92
Феникс – Сан Антонио 81:129

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира