Лидерот на ИСИС, за кој се веруваше дека е мртов, се појави на ново видео

Facebook
Twitter
Email
Print

Спиритуалниот лидер на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади, се претспоставуваше дека е убиен во руски воздушен напад во сирискиот град Рака во јуни годинава. Сепак после 11 месечна тишина, тој повторно се на видео.

 

Четириесет и шест минутната снимка беше објавена од страна на Ал-Фуркан новинската агенција, која се поврзува со Исламската држава и за прв пат по ноември минатата година ал-Багдади излегува на видео. Во снимката, која според експертите е автентична, тој повикува на нови напади врз медиумските и идеолошки центри на „неверниците“.

 

„Продолжете го својот џихад и светите операции, не дозволувајте Крстоносците да уживаат во добар живот во своите земји додека вашите браќа се соочуваат со бомбардирање, убивање и деструкција“, изјавува Багдади во видеото.

 

Тој ги повикува борците насекаде во светот да не се откажуваат од џихадот, потенцирајќи дека е нивна одговорност жртвите од минатото да не бидат залудно паднати.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира