Лица од Битола и Велес приведени во врска со групата „Јавна соба“

Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот „Јавна соба“, а се преземаат мерки и активности и кон други лица, соопшти на социјалните мрежи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Спасовски посочи дека МВР во координација со јавното обвинителство работат со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите.

 

Една година по објавувањето на скандалот „Јавна соба“ за групата на социјалната мрежа „Телеграм“, каде илјадници членови споделуваа експлицитни фотографии од девојки од Македонија, вклучително и на малолетнички, истата деновиве повторно е во центарот на вниманието, откако беше обелоденето дека овој пат не се работи за една група, туку за повеќе групи.

 

МВР во текот на вчерашниот дена ги повика жртвите чии фотографии и податоци се злоупотребени во „Јавна соба“ да го пријават случајот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира