Македонија осма во светот по смртноста од корона – Крушево со најголема смртност

 

Пандемијата на коронавирусот досега најфатална била во Крушево доколку се споредат бројките на заболени и починати лица до почетокот на декември. Во градот на падините на Бушева планина како резултат на последиците од ковид-19 досега умреле 9 пациенти, а заболени се 132. Тоа значи дека стапката на смртност изнесува 6,8 отсто, што е далеку над просекот на ниво на цела земја од 2,8 отсто. Од првиот случај на 22 март, досега излегува дека во земјата секојдневно од коронавирус умираат по 7 лица.

 

Скопје води на листата со најмногу смртни случаи, но има и најголем број на заболени, а воедно и жители во земјата. Во главниот град, како што покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје, починале 553 лица од 27.464 заболени.

 

Од 31 град каде вирусот одземал животи Скопје е најдолу на листата по смртност со 2 проценти, а под него се наоѓаат и градовите Виница, Свети Николе, Неготино, како и Пробиштип. Најниска стапка на смртност од 0,9 отсто, односно двајца починати пациенти од 221 заболен има во Валандово.

 

Веднаш под Крушево пак е Струга со смртност од 6,1 проценти. Потоа следи Радовиш со 5 отсто на починати лица, а веднаш зад него со 4,7 отсто на четврто место е Дебар, градот во кој на почетокот на пандемијата беше прогласена кризна состојба. Но, Радовиш и Дебар се со прилично понизок процент на починати лица од водечките два града.

 

Извор: РадиоСлободнаЕвропа

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира