Младите во Крушево го одбележаа денот без автомобили

 

Со испишани пораки и доделување на флаери учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ го одбележуваат денот без автомобили. Младите испраќаат пораки до сите граѓани на општина Крушево во текот на денешниот ден да не ги користат своите автомобили и да ја истражуваат природата. Исто така, испишани се пораки како „Крушево – еко град“, „Биди зелен“ и други.

 

„Преку оваа активност младите се директно вклучени во заштитата на животната средина и ги повикуваат сите крушевчани да земат учество во борбата за почист воздух и, генерално, почисто и поеколошко Крушево. Акцијата е во организација на училишната заедница на СОУ „Наум Наумовски Борче“ со поддршка на општина Крушево и други државни институции“, информираат од Општина Крушево.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци