Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Прилеп

Утринава ( 12.06.2020 ) нешто после полноќ, околу 00.55 часот, на крстосницата од улиците „Александар Македонски“ и „Борка Талески“ во Прилеп се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел вектра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(20) од  Прилеп и мотоцикл „јамаха“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од  Ц.П.(18) од Прилеп, соопштуваат од МВР.

 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот и бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.

 

Увид извршила екипа на Полициската станица Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци