За само една недела во Прилеп 377 нови случаи на Ковид 19 и 15 починати

 

 

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за последната седмица и вкупни бројки на заболени и починати од почетокот на пандемијата:

 

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, заклучно со вчерашниот ден, во општина Прилеп имало 377 нови случаи на коронавирус;

 

  • Од последици на коронавирусот, починале 15 лица;

 

  • Бројот на активни случаи изнесува 765, од кои 659 се наоѓаат на домашно, а 106 на болничко лекување;

 

  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.019 лица;

 

  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 1.818;

 

  • Од почетокот на пандемијата до денеска, од коронавирус починале 78 лица.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира