Нова компјутерска опрема и нагледни средства за СОУ „Орде Чопела“ во Прилеп

Средното училиште „Орде Чопела“ доби вредна компјутерска опрема и нагледни средства од Министерството за образование и наука за подобрување на образовниот процес. Компјутерската опрема и нагледните средства се дел од проектот за поддршка и  развој на вештини и иновации, спроведуван од  Министерството за образование и наука.

 

Новата опрема во компјутери и нагледни средства ќе овозможи да се олесни воспитно – образовниот процес како и подобрување и збогатување на  знаењата од областа на информатичко – компјутерската технологиј и проширување на знаењата на учениците.

 

„Средното општинско училиште „Орде Чопела“ доби вредна опрема преку Министерството за образование и наука,  преку проектот за поддршка и  развој на вештини и иновации, преку проектот SKILLS. Во опремата добивме интерактивна табла со проектор и софтвер, дваесет  персонални компјутери леново, мулти – медија проектор, лаптоп компјутери, скенер, мулти –функциски печатач – фотокопир и дигитална камера. Со оваа опрема значително ќе се подигни нивото на користење на информатичко – компјутерската технологија во наставата во нашето училиште“, истакна Анета Пејоска, директор во СОУ „Орде Чопела“

 

Реализацијата на овој проект на Министерството за образование и наука има за цел модернизација и зајакнување на квалитетот на образовниот процес во средните стручни училишта.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира