Нови 30 дена притвор за поранешниот директор на УБК Атанасовски

Facebook
Twitter
Email
Print

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му одреди нови 30 дена притвор на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски.

 

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против него за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност”, откако на едно од рочиштата за настаните од 27 април обвинетиот Александар Василевски Нинџа пред судот рече дека бил соработник на тајната полиција, а дека поддршка за неговото дејствување добивал од Атанасовски.

 

Неговиот адвокат, Јордан Апостолски се уште не ја добил одлуката, но најави дека истата ќе ја обжали пред Апелациониот суд. Атанасовски е во притвор од 4 декември 2018 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци