Од денеска државјанството во изводите „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“

Facebook
Twitter
Email
Print

По реакциите на јавноста поради пишувањето на коси црти (/////) на графите во полето државјанство во официјалните документи, од Управата за водење на матични книги известија дека од денес во графите за државјанство ќе пишува „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“.

 

Од Управата посочуваат дека тоа било така бидејќи морало да се спроведе соодветна процедура во електронскиот систем за издавање на изводи од родени, венчани и умрени.

 

„Согласно член 2 став 3 од Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, во графата државјанство во изводите од родени, венчани и умрени, издадени пред и по стапувањето во сила на Конечната спогодба помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, треба да биде впишано македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“, велат од Управата за водење на матични книги.

 

Инаку, државјанството беше предмет на Преспанскиот договор со Грција.

 

„Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи“, пишува во членот 1, став 3 од Преспанскиот договор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира