Од утре службите на Општина Прилеп ќе работат во две смени

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

Согласно најновите одлуки за заштита од Ковид-19, донесени од Владата на Република Северна Македонија, почнувајќи од утре, вторник, 27 октомври 2020 година, службите на Општина Прилеп ќе работат во две смени.

 

Вработените во секторите и одделенијата на Општина Прилеп, ќе функционираат според двосменски систем на ротација од по 8 часови, од кои 6 часа работа со физичко присуство, а 2 часа он лајн, електронски.

 

Според новото работно време, граѓаните ќе можат непречено да ги добиваат услугите на ЕЛС Општина Прилеп, секој работен ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот.

 

Согласно актуелните протоколи за заштита од коронавирусот, при влез во институцијата, граѓаните ќе треба да ги дезинфицираат рацете и да носат заштитна опрема за покривање на устата и носот, односно маска, марама или шал.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира