Пожарите предизвикаа вистинска катастрофа во Австралија

Facebook
Twitter
Email
Print

Австралиските власти предупредија дека огромни шумски пожари се уште пустошат во две сојузни држави и продолжуваат да бидат закани за жителите, и покрај тоа што претходно беше известено дека „катастрофалната“ состојба се смири.

 

Околу 150 пожари се уште горат во Нов Јужен Велс и Квинсленд, користејќи го сувото време. Педесет куќи се уништени во НЈВ но немаше жртви, рекоа официјалните лица.

 

Австралиските власти наредија итна евакуација на неколку области вклучувајќи и една главна туристичка дестинација. Предупредувањето и наредба за „итна евакуација“ од највисок седми степен има во вкупно седум подрачја.

 

Речиси 1.500 пожарникари се на терен и се борат со шумските пожари во целата земја. Противпожарната служба соопшти дека условите се мошне опасни и оти има услови пожарникарите да не успеат наскоро да го спречат проширувањето на пожарите.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци