Прилепчаните Мартин и Борјан Јованоски 1-во и 2-ро место на меѓународниот параглајдинг натпревар на Попова Шапка

Викендов на Попова Шапка од 24 до 27 мај се одржа меѓународниот параглајдинг натпревар во прелети поддржан од воздухопловната федерација на Македонија и Светската воздухопловна федерација. Организатор на настанот беше параглајдинг клубот „Љуботен“ од Тетово.

 

Во конкуренција од 40-тина пилоти од Бугарија, Косово, Грција, Македонија, Словенија, Германија и Турција браќата Мартин и Борјан Јованоски без конкуренција го освоија 1 и 2 место. Со тоа се докажува дека параглајдинг клубот Делта од Прилеп  е водечки клуб во овој спорт кај нас.

 

Третото место го освои Дарко Станкоски од „Аквила“, Велес.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира