Русин ги тужи „Епл“ бидејќи неговиот „ајфон го претворил во хомосексуалец

Русин покренал тужба против „Епл“, тврдејќи дека неговиот „ајфон“, односно апликација на телефонот го претворила во хомосексуалец. Тврдејќи дека претрпил морална штета, тој сега бара отштета од еден милион рубли (12.000 фунти).

 

Сѐ почнало кога место нарачаните биткоини, преку апликација му пристигнала криптовалута наречена ГејКоин, што било проследено со пораката „Не осудувај додека не пробаш“.

 

„Помислив, тоа е навистина така. Затоа решив да пробам истополов секс. Сега имам дечко и не знам како тоа да им го објаснам на моите родители. Животот оттогаш ми се смени на полошо и никогаш повторно нема да бидам нормален. „Епл“ ме натера на хомосексуалност преку манипулација“, се вели во тужбата поднесена на 20 септември.

 

Првото сослушување на суд е закажано за 17 октомври.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци